„Ме сака без шминка, не планираме деца наскоро“ – Хејли Бибер за бракот + жешка фотосесија со Џастин

Неодамна Хејли и Џастин ја прославија нивната годишнина, а направија и провокативна фотосесија за октомвриското издание на италијанскиот Vogue. Во интервјуто за магазинот, Хејли откри детали за бракот.

me-saka-bez-shminka-ne-planirame-deca-naskoro-hejli-biber-za-brakot-zheshka-fotosesija-so-dzhastin-01.jpg

Две години откако се венчаа во тајност, Џастин и Хејли покажаа дека нивната љубов е посилна од кога било, и тоа со провокативна фотосесија за италијанскиот Vogue.

26-годишниот пејач и 23-годишниот модел ќе ја красат октомвриската насловна страница на магазинот, која, пак, му е посветена на Хелмут Њутн – познатиот моден фотограф. Провокативните фотографии се всушност во чест на љубовта на Хелмут кон неговата сопруга Џун.

„За да ѝ оддадеме чест на нивната врска, ги замоливме Хејли и Џастин Бибер, еден од најпознатите славни парови, да бидат главни ликови на нашата насловна“, напишаа од Vogue на Instagram објавата со насловната.

me-saka-bez-shminka-ne-planirame-deca-naskoro-hejli-biber-za-brakot-zheshka-fotosesija-so-dzhastin.jpg

Фотографијата на која Хејли и Џастин се легнати во кревет и се гледаат во очи е објавена само неколку денови после годишнината од нивната свадбена церемонија, која се одржа во септември минатата година.

Двајцата дефинитивно изгледаат повљубено од кога било, а во интервјуто за италијанскиот Vogue, Хејли само го потврдува тоа.

„Ние сме двајца луѓе кои работат напорно за да имаат здрава врска. Сакаме да бидеме пример и инспирација, за луѓето ширум целиот свет да ги ценат здравите врски“, изјавува Хејли.

Моделот спомнува и дека Џастин најмногу сакал да ја гледа природна, без шминка и со неуредна фризура.

sakame-da-bideme-inspiracija-za-site-hejli-i-dzhastin-biber-so-provokativna-fotosesija-za-italijanskiot-vogue-03.jpg

Хејли прозборе и за нивните улоги во бракот, изјавувајќи дека таа е партнерот кој размислува, а Џастин партнерот кој чувствува:

„Јас сум логичар, тој е емотивен. Тој е артист, а јас сум размислувач. Со текот на времето тој ми помага да ги искажам емоциите, а јас му помагам да биде аналитичар“.

sakame-da-bideme-inspiracija-za-site-hejli-i-dzhastin-biber-so-provokativna-fotosesija-za-italijanskiot-vogue-04.jpg

Хејли одговори и на прашањето што ги интересира многу фанови – дали им е во план да имаат деца:

„Интересно е што отсекогаш сум сакала да имам деца порано во животот, но сега кога сум во брак, немам толкава потреба. Јас сум амбициозна девојка со многу проекти. Некогаш ќе се случи и тоа, но не сега“, изјави Хејли.

sakame-da-bideme-inspiracija-za-site-hejli-i-dzhastin-biber-so-provokativna-fotosesija-za-italijanskiot-vogue-05.jpg

sakame-da-bideme-inspiracija-za-site-hejli-i-dzhastin-biber-so-provokativna-fotosesija-za-italijanskiot-vogue-06.jpg

По повод нивната годишнина, пак, Џастин сподели фотка од венчавката со многу емотивен опис:

„Хејли Бибер. Многу сум среќен што сум ТВОЈ сопруг. Секој ден учам толку многу од тебе и ме правиш многу подобар маж! Посветен сум до крајот на нашите животи да те охрабрувам да станеш жената која Бог те создал да бидеш. Моето срце е за да ти помогне да ги постигнеш и твоите најлуди соништа! Ти ветувам дека секогаш ќе те ставам на прво место. Среќна годишнина моја убава и слатка девојко“.

sakame-da-bideme-inspiracija-za-site-hejli-i-dzhastin-biber-so-provokativna-fotosesija-za-italijanskiot-vogue-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Џастин Бибер е мизерен со Хејли додека го очекуваат првото дете: „Очаен е, му ги троши парите и го к... „Хејли троши многу пари. Постојано патува со приватни авиони. Еднаш дури и отиде...
7 познати парови кои се венчаа откако раскинаа Бен Афлек и Џеј Ло беа свршени во раните 2000-ти, раскинаа, а се смирија и венча...
Детали од животот на мајката на Џастин Бибер – Дознала дека е бремена откако пробала да се самоубие,... Мајката на Џастин Бибер имала само 18 години кога го родила пејачот. Мајка ѝ ја ...
Немале секс пред бракот, не користат телефон во кревет – Необични факти за Џастин и Хејли Бибер Во една пригода Џастин откри дека не можат да си одолеат еден на друг кога се до...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
Адријана Лима: „Критиките за изгледот ми се смешни, немам 16 години, туку 42“ „Бев шокирана кога ги видов најновите фотки од мене, си помислив дека тоа не сум...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg