Кајли Џенер ја подготви Сторми за „домашно училиште“ со Hermes ранче од 12.000 долари
- Детали
- четврток, 01 октомври 2020
Кајли Џенер уште еднаш покажа колку ја разгалува Сторми, овојпат со ранче од брендот Hermes кое чини неверојатни 12.000 долари, а малечката ќеркичка има само 2 годинки.
Благодарение на нејзината мајка, која тежи вртоглави 900 милиони долари, малата Сторми знае како изгледа луксузниот живот. Но многумина, а веројатно и вие, сметаат дека Кајли сепак претерала што ѝ купила брендиран ранец на Сторми кој чини дури 12.000 долари.
Кајли се пофали на Инстаграм со фотографија од Сторми, која позира веднаш до колекцијата луксузни автомобили, со опис:
„Прв ден домашно училиште!“
Како ранчето да не е доволно, малата Сторми носи Air Jordans патики, но и пар дијамантски обетки.
Кајли сподели и видео, на кое Сторми радосно скока помеѓу автомобилите. Накратко, на видеото се гледа и нејзиниот татко - Скот Тревис.
https://www.instagram.com/p/CFxb1qqnFUC/
Уште почудно е што ова не е првата дизајнерска чанта на Сторми и таа веќе има колекција со брендови како Chanel и Louis Vuitton.
Подоцна Кајли сподели и неколку „сториња“ од активностите за време на првиот „училишен ден“. Сторми има само 2 години е премногу мала за да оди на училиште, но со нејзината братучетка Тру имале ден исполнет со забавни активности. Изгледа Кајли планира да ја прави генијалец од мала...
Спирова С. | Црнобело