„Како станав волку среќна?!“ – Ким и Канје глумат среќно семејство и покрај бројните гласини за развод

Сите го очекуваат нивниот развод, но Ким и Канје си организираат романтична вечера и споделуваат семејни фотки на кои сите се насмеани.

kako-stanav-volku-srekjna-kim-i-kanje-glumat-srekjno-semejstvo-i-pokraj-brojnite-glasini-za-razvod-1.jpg

И покрај тоа што целиот свет е убеден дека е прашање на време кога ќе се разделат Ким и Канје, славниот пар се однесува како сè да е во ред.

На својот Twitter профил, Канје откри дека тој и Ким ќе имаат романтична вечера до огромен шатор. Раперот сподели фотка од шаторот, пред кој едвај се гледа масата, со опис: „Вечера за 2“.

https://twitter.com/kanyewest/status/1310769972205858816

Фановите се убедени дека овој романтичен гест на Канје е причина што следниот ден Ким сподели неколку семејни фотографии, на кои се наоѓа и Канје.

39-годишната старлета ги објави фотографиите на Instagram, со опис: „Како станав волку среќна?!?!?“

View this post on Instagram

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

На некои фанови, пак, им се чини дека е ова е очаен обид на Ким да му покаже на светот дека тие се обично среќно семејство, особено кога има секакви гласини за нивниот потенцијален развод.

Претходно, Ким беше забележана како оди на вечера кај пријател во Малибу. Ријалити ѕвездата носеше бели панталони со син, транспарентен горен дел.

kako-stanav-volku-srekjna-kim-i-kanje-glumat-srekjno-semejstvo-sred-brojnite-glasini-za-razvod-02.jpg

kako-stanav-volku-srekjna-kim-i-kanje-glumat-srekjno-semejstvo-sred-brojnite-glasini-za-razvod-03.jpg

Иако Ким се обидува да изгледа безгрижно, извори блиски до семејството велат дека ѝ е жал за проблемите со менталното здравје на сопругот Канје.

Наводно, Ким е премногу загрижена подолг период, особено после испадите на Канје на Twitter.

„Многу е разочарана бидејќи Канје страда. Тоа е лош циклус, кој Ким претходно успешно го спречувала. Неа не ѝ е грижа за твитовите. Променливото расположение и биполарните епизоди се она со кое Ким и Канје тешко се справуваат“, вели изворот.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ким Кардашијан го претвори домот во снежна шума, додека ќерка ѝ моли да живее со Канје (фото) Додека во јавноста се шпекулира дека Ким и Канје можеби ќе ги променат правилата...
Мајка си е мајка: Ким Кардашијан направи снежна шума во домот за да ја израдува ќерката која тагува ... Само еден месец откако кажа дека ќерка ѝ Норт се жалеше заради тоа што живее со ...
Ким Кардашијан е во тајна врска со познат рагбист, се кријат поради Канје Ким Кардашијан повеќе од половина година е во врска со 12 години помлад рагбист,...
Син му е обвинет за силување девојка со негова помош – Кои се 7-те деца на Пи Диди кои ги има од 4 ж... Едниот од синовите на Пи Диди, Кристијан, беше забележан во ноќен клуб само два ...
Каков татко - таква ќерка: Канје Вест ги замени забите со титаниумска вилица, а Норт се пофали со ск... Истиот ден кога Канје се пофали со нова вилица, поскапа од дијаманти, ќерка му п...
Признанието за неверство на Дејвид Бекам, спуштените пантолони на Канје – Настани во шоу бизнисот шт... Двете бебиња на Парис Хилтон, разделбата на Меган Фокс и Машин Ган Кели, неплани...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg