Џиџи Хадид откри што ѝ подариле Тејлор Свифт и Донатела Версаче на новородената ќеркичка
- Детали
- сабота, 26 септември 2020
Ќерката на Џиџи има едвај една недела, но веќе добива подароци од најпознатите имиња во светот.
25-годишната Џиџи сподели фотографија од рачето на ќерка ѝ на Instagram story, заедно со подароците што ги добила од Донатела Версаче и Тејлор Свифт.
Од фотографијата се гледа дека познатата дизајнерка ѝ испратила бело боди со логото на Versace. Тејлор Свифт, пак, ѝ подарила розово ќебенце.
„Од тетка Донатела Версаче“, напишала Џиџи до блузата.
„И тетка Тејлор Свифт го направи ова“, стои до ќебенцето.
Џиџи и Зејн имаат долга соработка со Versace, па не е ни чудно што се блиски со познатата дизајнерка.
Џиџи и Тејлор, пак, се навистина добри пријателки.
Спирова С. | Црнобело