„Ти посакувам немир, ако тоа те прави среќна“ - Уникатната роденденска честитка за Наташа Беквалац (40) од сестра ѝ
- Детали
- петок, 25 септември 2020
„Проблематична си и ме нервираш, но јас навистина не знам како е да се живее без тебе и не го ни сакам тоа, иако беше убаво кога живеевме во два различни града“, гласи дел од шеговитата честика од Кристина Беквалац.
Наташа Беквалац денес (25.09) полни 40 години, а по повод нејзиниот роденден доби уникатна честитка од својата сестра Кристина Беквалац.
Атрактивните русокоси се заедно секогаш и секаде и отворено говорат за својот близок однос.
Во шеговитата честитка Кристина Беквалац ѝ посака на Наташа:
„Среќен роденден сестро моја. Ти посакувам засекогаш да останеш млада во духот, затоа што годините не ти одат во прилог. Ти посакувам засекогаш да имаме за што да зборуваме и да се смееме на глупостите и будалаштините што ги доживуваме заедно.
Ти посакувам да бидеш здрава и слаба, засекогаш слаба. Ти посакувам да не ми се јавуваш со денови на телефон затоа што ти е убаво и си среќна.
Проблематична си и ме нервираш, но јас навистина не знам како е да се живее без тебе и не го ни сакам тоа, иако беше убаво кога живеевме во два различни града.
Ти посакувам среќа и мир или немир ако тоа те прави среќна. Ти посакувам да имаш многу пари за да можам да ги трошам и да уживам во шопинг и патувања. Супер сестра си, иако мислам дека има и подобри сигурно.
Сѐ на сѐ богата сум што те имам таква каква што си. Совршено несовршена. Можеше да испаднеш и подобра, но тоа е што е.
Баш се распишав и можам вака до недоглед затоа што и после 35 години секогаш имам нешто да ти кажам. Те сакам и среќна сум што баш ти си ми сестра.“
Инаку, Наташа на почетокот од годината одржа спектакуларен концерт во Арена со кој одбележа 20 години музичка кариера.