„Што е со џиновското стапало?“ – Џорџина Родригез се најде во Фотошоп скандал
- Детали
- вторник, 15 септември 2020
На најновата фотка од Џорџина облечена во секси бикини, фановите се сомневаат на фотошопирање, бидејќи стапалото ѝ изгледа џиновски, во споредба со другите фотки.
Џорџина Родригез, девојката на познатиот фудбалер Роналдо, им покажа на фановите како се подготвува за фотосесија.
26-годишната бринета во понеделникот сподели фотографија на која мејкап артистот ѝ ја средува шминката за фотосесијата за PrettyLittleThing. Џорџина носи жолто бикини со зебра принт кое одлично ги нагласува нејзините облини, а во преден план се нејзините нозе.
Но, она што е поинтересно за фотографијата се коментарите на некои фанови. Некои од нив се изненадени од големината на стапалата на Џорџина, па дури и ја обвинуваат дека користи премногу Фотошоп.
„А тоа џиновско стапало? Премногу Фотошоп“, напишал еден фан.
Некои почнале и да ги споредуваат стапалата на Џорџина од други фотографии и дошле до заклучок дека таа сепак нема „џиновски“ стапала, што докажува дека познатиот модел најверојатно користи Фотошоп. Сепак, не може да се исклучи можноста дека се работи и само за погрешен агол на фотографирање.
Џорџина периодов го помина со Кристијано и нивните деца, а најголем дел од времето уживаа на плажа и на јахта.
Покрај бројните фотки од папараците, и Џорџина редовно објавува фотографии и видеа од нивните семејни собири.
Во јануари Џорџина ги разгори гласините дека е во брак со Кристијано, откако го нарече „сопруг“ во објава за нејзиниот 26-ти роденден. Иако некои медиуми се обиделе и да го контактираат фудбалерот во врска со овие вести, тој одбил да коментира.
И самите ќе забележите дека Џорџина и Кристијано изгледаат навистина вљубено, но сè уште не знаеме дали ќе го направат, или веќе го направиле следниот чекор во нивната врска.