Тензијата ескалираше: Анџелина Џоли ја прекина семејната терапија со Бред Пит, неговата нова девојка си се сонча на плажа
- Детали
- петок, 11 септември 2020
Анџелина Џоли не може да го контролира бесот за потезите на Бред Пит, па дури ја прекинала семејната терапија.
Анџелина Џоли и Бред Пит со години водат судска битка околу старателството на нивните 6 деца.
Тие се разделија во септември 2016 година, но сѐ уште немаат пронајдено заеднички јазик на тема старателство. Бред сака да ги делат правата 50/50, но на Џоли не ѝ се допаѓа тоа.
Интересно е што за време на екот на корона пандемијата Бред Пит неколку пати беше забележан како со мотор оди во домот на Џоли и изгледаше дека бившите сопружници конечно ја смириле тензијата, но минатиот месец откако Бред Пит појде на романтичен одмор на нивниот имот на Југот од Франција со новата девојка Никол Потуралски ситуацијата кулминираше.
Џоли била толку бесна на него што дури ја откажала семејната терапија на која оделе.
„Тензијата помеѓу Бред и Анџелина ескалираше и повеќе не одат на семејна терапија“, изјави извор близок до парот.
Инаку приватен судија е ангажиран да ја решава нивната битка за старателство во октомври.
Во меѓувреме Бред позира за модната кампања на брендот Brioni.