„Вреска за погрешна чинија“: Факти дека и дома кај Елен Деџенерис е како во воен камп
- Детали
- среда, 09 септември 2020
Поранешен вработен во домот на Елен Деџенерис открива мрачни детали од однесувањето на водителката кон вработените.
Елен Деџенерис периодов е на тапет затоа што како сите да добија храброст да кажат јавно колку „ужасна“ личност е познатата водителка.
Најмногу страдаат вработените кои се дел од нејзиното шоу, но сега осамнаа информации дека ситуацијата не е подобра ниту за вработените во нејзиниот дом.
Таа го одржувала домот како воен камп, откри поранешен вработен кај Елен.
Тој вели дека во нејзината вила во Калифорнија ретко кој издржува да работи повеќе од неколку месеци. Водителката постојано давала наредби со висок тон, ги мачела вработените и за најмали грешки и како да ѝ било задоволство да отпушта луѓе од работното место.
„Елен е најлошата личност која сум ја запознал во животот. Таа ги третира луѓето како да се ништо. Како да ужива кога дели откази. Таа ќе ве измачува, а вие само ќе седите таму и ќе слушате затоа што сте платени“, изјави поранешниот вработен на Елен.
Елен дури им поставувала замки на вработените за да открие дали навистина го чистеле секој агол од нејзиниот дом, од типот на оставено чкорче некаде на земјата и слично.