И додека Џоли е бесна, 68-годишниот сопруг милионер на новата девoјка на Бред Пит не се лути за врската (фото)
- Детали
- понеделник, 07 септември 2020
И додека Анџелина Џоли е бесна за потезите на Бред Пит, сопругот на Никол Потуралски не се лути што таа има момче. Кoja e позадината?
Новата девојка на Бред Пит, 27-годишниот модел Никол Потуралски го привлече вниманието на светската јавност со патувањето во Франција со славниот актер, но изгледа вниманието ѝ годи.
Таа постојано објавува нови фотки на нејзиниот Инстаграм профил.
Интересно е што Никол веќе е во брак, иако се верува дека паралелно е во врска со Бред Пит (56) веќе неколку месеци.
Бред се запознал со Никол во ексклузивниот ресторан на нејзиниот сопруг Роланд Мери во Берлин „Borchadt“. Актерот долго го познавал Роланд, а првата посета на неговиот ресторан му била уште во 2009 година.
Никол е во „отворен брак“ со 68-годишниот милионер со кого го има 7-годишниот син Емил. Роланд досега неколку пати бил во брак.
По веста дека Бред и Никол се во врска, тој беше фотографиран за првпат:
Роналд не е заинтересиран за „негативност и љубомора со оглед на тоа веќе неколку пати бил во брак“, велат извори блиски до бизнисменот, плус врската на неговата сопруга со Бред Пит му донела светска слава на неговиот ресторан, па во оваа ситуација како сите да се во добивка, додава изворот.
Изгледа Никол е една од ретките жени кои може слободно да каже дека има и сопруг и дечко.
Од друга страна, поранешната сопруга на Бред Пит, Анџелина Џоли, е бесна што нејзиниот сопруг оди наоколу и гордо се фали со новата млада девојка, наместо да се однесува достоинствено и барем извесен период да ја држи врската во тајност, велат извори блиски до актерката.
Таа исто така е лута и што Бред Пит отиде на одмор со Никол на романтичниот имот на југот од Франција кој го купи заедно со неа и на кој се венчаа.