Убавица со облини: Џорџина Родригез приреди модна доминација на Филмскиот фестивал во Венеција (фото)
- Детали
- петок, 04 септември 2020
На 77-то издание на Филмскиот фестивал во Венеција, Џорџина Родригез, девојката на Роналдо, изгледаше беспрекорно.
Фестивалот трае неколку денови, а досега Џорџина се појави со неколку одлични комбинации.
Во четвртокот навечер, Џорџина одбрала црн светкав фустан со висок шлиц. Изгледот го дополнила со дијамантски ѓердан и обетки, и сребрени сандали.
Претходно, во текот на денот, 26-годишниот модел се појави со светол фустан, повторно со висок шлиц. Следејќи ги препораките за заштита од корона вирусот, Џорџина одбрала и маска од ист материјал како фустанот.
Вчера Џорџина се појави во три разни комбинации, а на првото појавување пред камерите, кратко по нејзиното пристигнување во Венеција, таа одбрала бели панталони, бела маица и сако.
Прочитајте и Најлошиот фустан кој го отвори Филмскиот фестивал во Венеција (фото)
Џорџина Родризгез на Филмскиот фестивал во Венеција:
Спирова С. | Црнобело