Фустанчиња, шпикозни со ликот на Орландо Блум - Кети Пери ја покажа собата за бебето (видео)
- Детали
- понеделник, 17 август 2020
Кети Пери е во последното тримесечје од бременоста и на социјалните мрежи ја покажа собата за нејзината ќеркичка.
Секако дека станува збор за розова соба, со мали закачалки на ѕидовите на кои веќе има фустанчиња, а најмногу коментари привлече шпикозната со ликот на тато Орландо Блум. Таа честопати ја нарекува ќерката „Кики Пери“, а дали тоа ќе биде името, ќе видиме наскоро.
https://twitter.com/perrylegion/status/1295093649550848000?s=20
Иако со најдобри намери Пери споделува дел од својата интима со јавноста, наиде на бројни негативни коментари од „злобните усти“ од типот:
„Имам впечаток дека е бремена 3 години!“
„Што е со кловн-стилов на видеото?“
„Дали сериозно плаче и зошто побогу?“
Пејачката изјави дека нема намера да зема долго породилно отсуство , а нејзиниот петти студиски албум е во план да излезе во продажба на почетокот на 2021 година.
Е. П. | Црнобело