Мадона (61) си беше на ручек со 25-годишното момче, бившиот сопруг и жена му
- Детали
- четврток, 16 јули 2020
Во 2008 година, по 8 години брак, Мадона и Гај Ричи се разведоа со бурен развод, таа го нарекуваше „емоционално неспособен“, додека Гај велеше дека ја интересирала само славата и ништо друго, a сега бившите сопружници изгледа се смирија...
Мадона (61) со 25-годишното момче Ахламaлик Вилијамс појде на средба со поранешниот сопруг Гај Ричи (51).
Таа и Ричи изгледа го оставија бурното минато полно несогласувања зад себе и ги средија односите на средбата во Лондон. Тие ретко се фотографирани заедно откако имаа бурен развод во 2008 година.
Парот беше во брак 8 години и заедно имаат 2 деца, биолошкиот син Роко (19) и посвоениот син Дејвид (14).
Во 2016 година Мадона изгуби на суд и старателство на синот Роко доби Гај Ричи, откако Роко изјави дека сака да живее со него.
На средбата беше и 38-годишната сопруга на Гај Ричи, со која е од 2010 година и има 3 деца. (На фотографијата се и 2-те деца од бракот со Мадона.)
Инаку, Мадона има вкупно 6 деца и моментално е посветена на врската со нејзиното 25-годишно момче, со кое за првпат беше фотографирана во декември.