Скандалозен тек на судскиот процес помеѓу Амбер Хард и Џони Деп - го обвинува дека ја тепал
- Детали
- вторник, 07 јули 2020
Парот беше 2 години во проблематичен брак, а Амбер Хард се обидува да го претстави Џони Деп како монструм кој бил насилен кон неа. Што изјави актерот во сведоштвото за самоодбрана? Какви детали од детството? Плус фотки од пред судот и од лузните на Амбер.
Џони Деп се појави во улога на сведок за да зборува за проблематичниот брак со актерката Амбер Хард (38). Неговиот адвокат одрече дека актерот некогаш ја удрил својата поранешна сопруга.
57-годишниот Деп ги одби обвинувањата дека бил насилен кон Амбер, но призна дека ѝ предизвикал многу болка и дека го земал секое можно лекарство што постои под сонцето.
„Моето искуство со алкохолот и стимулансите почна на многу рана возраст. Немавме особено стабилен и безбеден семеен живот, имаше многу непријатности во куќата“, изјави Деп пред судот.
„Се сеќавам мојата мајка бараше од мене да ѝ ги дадам нејзините апчиња за смирување на нервите. Јас на 11-годишна возраст пробав една од нив. Тие станаа единствен начин на кој ја затапував болката“, изјави Деп кој додаде дека и славата лошо влијаела на него затоа што не разбирал од каде дошла и како ја заслужил, се чувствувал дека не е доволно вреден за вниманието.
Деп негираше дека имал деструктивно и насилно однесување, како и дека имал проблеми со справување со бесот.
Тој негираше дека имал манипулативно однесување кон Амбер и призна дека всушност таа опсесивно се обидувала да го контролира него.
Адвокатот на Деп вели дека тој не е насилен монструм како што сака да го претстави поранешната сопруга.
Амбер го обвинува дека тој ја нападнал неколку пати кога бил пијан и под дејство на супстанции во текот на нивниот 2-годишен проблематичен брак.