Нови детали зошто Меган Маркл е иритантен лик за кралското семејство
- Детали
- среда, 01 јули 2020
Таа ги скарала принцот Хари и принцот Вилијам со преголемите апетити за свадбата и огромната сума потрошени пари.
Новата книга за кралското семејство „Royals At War“ повторно открива мрачни детали за карактерот на Меган Маркл.
Таа од старт била со поставени многу високи стандарди за сѐ и имала холивудско надмено однесување.
Меган, која моментално живее во вила од 18 милиони долари со принцот Хари и 13-месечниот син, кога била дел од кралското семејство станувала уште од 5 часот наутро и почнувала да го бомбардира персоналот со телефонски пораки што сѐ треба да сторат.
Таа била тешка за соработка и немала почит кон вработените. Токму и затоа многумина од нив си дале и отказ. Дури и кога членови на обезбедувањето ѝ давале совети за нејзината безбедност таа не прифаќала ништо и на своја рака преземала ризици.
Меган била фрустрирана што нејзиниот глас во кралското семејство не бил ценет. Не ја почитувала хиерархијата во палатата.
Кралското семејство уште од старт било загрижено дека принцот Хари избрзува што стапува во брак со Меган, а Кејт Мидлтон дури и отворено го предупредила за тоа.
Дел од причините за кавгата помеѓу Хари и Вилијам се открива дека биле големите апетити на Меган и огромното трошење на пари за организација на свадбата со Хари.
Инаку според психолозите, Хари бил магнетски привлечен кон амбициозната и самоуверена Меган затоа што таа потсвесно го потсетувала на неговата силна мајка принцезата Дијана, која ја изгубил во ранливи години.
Сепак, Меган била сѐ спротивно од тоа што биле другите кралски членови, но Хари не ги послушал предупредувањата, туку од старт заклучил дека сите имаат нешто против него и неговата избраничка.
С. С. | Црнобело