Меган Фокс - анорексична, или?
- Детали
- среда, 09 март 2011
Атрактивната актерка Меган Фокс често е обвинувана од страна на медиумите дека е премногу слаба, а гласините за разни пореметувања во исхраната...
...не се нови кога станува збор за Фокс. Иако сите приказни таа на неколку пати ги демантираше, после најновите фотографии за кампањата на Армани, во одбрана застана нејзиниот личен тренер Харли Пастернак.
Тој изјави дека Меган нема ни слични проблеми, но дека и е тешко да се поправи иако сака. Тој вели дека таа навистина јаде многу, но има брз метаболизам кој е наследен во нејзината фамилија и виновен за нејзината слаба фигура.
Тој истакнал дека Меган никогаш не била анорексична и дека во наредниот период сигурно ќе се поправи благодарение на исправната исхрана и правиот начин на вежбање.