Кајли се расплака на интервју
- Детали
- вторник, 08 март 2011
Кајли Миног се расплака за време на интервјуто за една австралиска телевизија каде зборувала за ракот на дојката кој го преживеа пред 5 години.
Таа во разговорот со новинарот и нејзин личен пријатели, Моли Мелдрам, признала дека страшните моменти од борбата со болеста се уште ја прогонуваат и дека сето ова го преживеала благодарение на нејзиното семејство.
Кајли раскажува дека и во овие моменти им помагала на другите:
„Разговарав со родителите на многу болни деца за да им дадам поддршка. Разговорот одеше сосема нормално се додека тие не ме запрашаа како сум и да ме тешат мене. Тоа многу ме погодуваше“
Кајли не можела да ги задржи солзите, но сепак, екипата продолжила со снимањето.