„Да не беа децата ќе ме обземеше мрак, станав мајка на 26 години и тоа ме спаси“ – Анџелина Џоли за судската битка со Бред Пит
- Детали
- четврток, 28 септември 2023
„Чувствувам како да не наликувам на себеси во последниве 10 години, на начин за којшто не сакам да зборувам“ – признава Анџелина Џоли, отворено алудирајќи дека разделбата со Бред Пит земала данок, а дека во најтемните мигови нејзините 6 деца се тие што ја спасиле.
Холивудската актерка и режисерка Анџелина Џоли во последните неколку години е многу поактуелна со скандалите поврзани околу нејзиниот развод со Бред Пит и судската процедура што се провлекува со години, отколку со новите проекти.
Но, факт е дека изминатиот период воопшто не бил лесен за неа, а тоа го потврдува и таа самата во најновото интервју за магазинот Vogue.
Анџелина (48) покрај тоа што зборува за нејзините најнови проекти поврзани со модата, отворено зборуваше и за тоа како посвојувањето на синот Медокс на 26 години во целост ѝ го променило животот, а за крај само алудираше и на разделбата со сопругот Бред Пит (59), со кого се прогласени за легално 'сингл', но сѐ уште не се разведени.
За потсетување, Анџелина го посвои синот Медокс во 2003-та година, непосредно пред да се разведе од Били Боб Тронтон, а две години подоцна ја посвои и ќерката Захара, само неколку месеци откако почна да се забавува со Бред Пит.
„Имав 26 години кога станав мајка. Мојот живот се промени во целост.
Тоа што станав мајка ме спаси и ме научи да опстојувам во светот на поинаков начин.
Мислам, дека во изминатиот период ќе западнев во многу поголем мрак ако не сакав да живеам за нив.
Тие се подобри од мене, затоа што сакаме нашите деца да бидат подобри.
Секако јас сум нивна мајка и се надевам дека можам да им обезбедам безбедно место и стабилност.
Но, истовремено и јас сум таа на која тие ѝ се смејат – и ги гледам како заземаат многу различни апсекти во нашето семејство“ – вели таа.
Таа накратко се осврна и на разводот со Бред Пит, кој веќе 7 години се провлекува низ судниците.
Нивната врска започна експлозивно во 2005-та година за време на снимањето на филмот Mr. and Mrs Smith, додека тој сѐ уште беше во брак со Џенифер Анистон.
Се венчаа во 2014-та година во тајна церемонија во Јужна Франција и заедно добија три деца, ќерката Шајло (17) и близнаците Вивиен и Нокс (15).
Но, само 3 години подоцна нивниот брак заврши исто така експлозивно, како и што започна, откако актерката го обвини Бред дека бил насилен кон неа и кон членови на семејството за време на приватен лет со нивните 6 деца.
Според тврдењата на Анџелина, Бред се обидел да го задави нејзиниот прв посвоен син Медокс, а на друго од децата му удрил шлаканица заради што тие се чувствувале како заложници во авионот.
По долгогодишна судска борба во мај 2021-ва година Бред и Анџелина добија заедничко старателство над децата, но подоцна таа одлука беше оспорена.
Анџелина сега признава дека оваа долгогодишна борба ја остава исцрпена и изморена.
„Се чувствувам помалку мелахнолично овие денови.
Чувствувам како да не наликувам на себеси во последниве 10 години, на начин за којшто не сакам да зборувам.
Пред седум години почнав многу помалку да работам на филмови и прифаќав ангажмани кои не подразбираа долги снимања.
Ни требаше многу време за да се излекуваме. Сѐ уште се трудиме да го најдеме сопственото место“ – вели таа.
Прочитајте и Го посвои на само 7 месеци, за да го заштити се разведе од Бред Пит – Анџелина Џоли гордо позира со синот Медокс
Б. С. Б. | Црнобело