Киану Ривс и седум славни личности со родители криминалци
- Детали
- среда, 17 јуни 2020
Неретко забораваме дека славните имале друг живот пред целиот свет да дознае за нив.
Некои имале среќа да се родат во богато и добро семејство, но повеќето не само што живееле во сиромаштија, туку имале и навистина проблематични родители.
Во продолжение погледнете кои славни личности имаат родители криминалци:
Лејтон Мистер
Родителите на позната актерка шверцувале марихуана од Јамајка во САД. Кога биле фатени и кога почнало нивното судење, мајката на Лејтон, Кони Мистер, веќе била бремена.
Таа добила казна затвор од 10 години, па дури и таму ја родила актерката. Сепак, поради околностите, Кони била пуштена порано, а дотогаш за Лејтон се грижела нејзината баба.
Вуди Харелсон
Таткото на Вуди е позната личност, но само во криминалниот свет.
Неговиот татко бил платеник, кој на крај бил осуден на две доживотни казни затвор поради убиството на судија во Тексас. Пред оваа пресуда, таткото на актерот веќе имал поминато 5 години во затвор поради платено убиство.
Пред 20 години тој се обидел да избега, но неуспешно и префрлен во институција со максимално обезбедување. Таткото на Вуди почина во 2017-та, во затвор.
Тоби Мегваер
Таткото на Тоби, Винсент Мегваер, поминал две години во затвор за грабеж на бакна. Тој го почнал грабежот сам, без маска, и бил фатен околу еден час подоцна.
За време на испрашувањето изјавил дека бил очаен и затоа решил да го направи грабежот – неговата сестра била на смртна постела и морал да се грижи за двете деца, а едвај сврзувал крај со крај.
Тупак Шакур
Родителите на Тупак, Афени Шакур и Били Гарланд, биле членови на организацијата Black Panthers, која е позната по користењето агресивни методи за борбата за правата на афроамериканците во САД.
Организацијата верувала во вооружен отпор, а самата Афени учествувала во неколку напади на полициски станици и други јавни места. Додека била бремена, Афени била обвинета за правење заговор против владата на САД, но била пуштена еден месец пред да го роди Тупак.
И самиот рапер беше во затвор, а кратко по ослободувањето беше застрелан и убиен под мистериозни околности.