Киану Ривс и седум славни личности со родители криминалци
Линдзи Лохан
Четири години по раѓањето на Линдзи, нејзиниот татко, бизнисменот Мајкл Лохан, бил обвинет за измама во неговата работа. Добил казна затвор од три години, а потоа 5 години бил пуштен на слобода, но условно. Бидејќи го прекршил ова правило, добил уште една година затвор.
Во 2004-та, пак, направил сообраќајка и добил уште неколку години затвор поради возење во алкохолизирана состојба.
Киану Ривс
Кога Киану уште бил мало дете неговиот татко, Семјуел Ривс, бил уапсен бидејќи продавал хероин на аеродром. Си заработил казна затвор од 10 години, но бил пуштен на условно после само две години.
Дру Баримор
Семејството на Дру е добро познато во филмската индустрија, но не значи дека немале проблеми со законот. Нејзиниот татко, Џон Дру, неколкупати бил во затвор поради возење во алкохолизирана состојба, па дури и за семејно насилство. Учествувал и во неколку улични тепачки, а бил уапсен и за поседување марихуана.
Шарлиз Терон
Родителите на Шарлиз никогаш не биле во затвор, но вреди да спомне и нејзината приказна.
Таткото на актерката, Чарлс, бил алкохоличар, но воглавно не правел ништо лошо. Но, кога актерката имала 15 години татко ѝ си дошол дома пијан, почнал да пука со пиштол се заканувал дека ќе ги убие и неа, и мајка ѝ.
Во тој кобен момент, мајката на Шарлиз зела друг пиштол, го застрелала и го убила Чарлс. Подоцна била прогласена за невина бидејќи убиството било во самоодбрана.
Спирова С. | Црнобело