Актерот не е фан на моногамијата - Зошто Брус Вилис и Деми Мур се разделија по 13 години брак?
Брус не е голем фан на моногамијата
Актерот неколкупати има изјавено дека не верува дека треба да биде со една личност до крајот на животот.
Во 1996-та, додека сè уште беше со Деми, тој изјави дека е лудило да мислите дека некој ќе ви ги исполнува емотивните и сексуалните потребни 20, 30 или повеќе години.
Ова сигурно не ѝ се допаднало на Деми.
Кариерата на Деми тргна во надолна линија
Додека кариерата на Брус цутеше во 90-тите, за Деми почна да се случува спротивното. Тој период актерката се појави во неколку лоши филмови, поради кои ѝ беше тешко да добие добра улога.
Проблемите во професионалниот живот се одразиле и на бракот со Брус.
И двајцата продолжија со својот живот
Брус се венча со Ема Хеминг Вилис, со која има и две деца. Деми Мур, пак, беше во брак со Ештон Кучер, но се разделија во 2013-та. Оттогаш актерката немала некоја посериозна врска.
Како што напоменавме, актерите се во одлични односи, најмногу поради нивните деца, па дури и дел од карантинот поминаа заедно. Брус не се изолираше со сопругата Ема, туку беше во куќата на Деми со нивните ќерки.
Деми Мур и Брус Вилис низ годините:
Спирова С. | Црнобело