Актерот не е фан на моногамијата - Зошто Брус Вилис и Деми Мур се разделија по 13 години брак?

Деми Мур и Брус Вилис ја започнаа нивната врска во 80-тите, а само неколку месеци подоцна стапија и во брак.

akterot-ne-e-fan-na-monogamijata-zoshto-brus-vilis-i-demi-mur-se-razdelija-po-13-godini-brak-01.jpg

Тие беа еден од најпопуларните холивудски парови, но на големо разочарување на фановите, по 13 години брак се разделија. Иако навидум нивната врска беше совршена, зад затворени врати ситуацијата била многу поразлична.

По разделбата и двајцата актери најдоа нова љубов, а најинтересно е што поради нивните деца, тие се во добри односи и денес. Всушност, Брус помина поголем дел од карантинот со бившата Деми и нивните деца.

Во продолжение погледнете што се случувало помеѓу Брус и Деми и кои се причините за нивната разделба:

Развод по 13 години брак

Во 1987-ма, Брус и Деми го кажаа судбоносното „Да“, а во текот на годините добија три деца. Првата ќерка, Румер Вилис, се роди во 1988, а ќерките Скаут и Талула се родија во 1991 и 1994.

Погледнете како изгледаат нивните ќерки денес.

Кратко по прославувањето на 10-тата годишнина, во 1997 холивудските ѕвезди ѝ соопштија на јавноста дека ќе се разделуваат.

Во 2000-та актерите официјално се разведоа и иако разводот не бил воопшто лесен, актерите дале сè од себе за нивните деца да не го почувствуваат лошото влијание.

akterot-ne-e-fan-na-monogamijata-zoshto-brus-vilis-i-demi-mur-se-razdelija-po-13-godini-brak-02.jpg

Често биле разделени

Иако на сите важни настани се појавуваа заедно, изгледа Брус и Деми ретко наоѓале време еден за друг.

Во периодот кога беа заедно, Брус го освојуваше Холивуд благодарение на улогата во Die Hard, а Деми Мур беше најплатената холивудска актерка.

И двајцата имаа полни раце работа, па речиси воопшто не минувале време заедно.

akterot-ne-e-fan-na-monogamijata-zoshto-brus-vilis-i-demi-mur-se-razdelija-po-13-godini-brak-03.jpg

Со години имале проблеми

Проблемите на Деми и Брус почнале долго пред 1997-ма. Според изворите, врската почнала да се распаѓа неколку години претходно.

Ниту Деми ниту Брус немаат прозборено за тоа колку време биле разделени пред разводот, но јасно е дека ситуацијата станувала сè полоша.

akterot-ne-e-fan-na-monogamijata-zoshto-brus-vilis-i-demi-mur-se-razdelija-po-13-godini-brak-04.jpg

Преголем притисок од медиумите

Кога сте најпопуларниот пар во светот, нормално е медиумите да го следат секој ваш чекор. Но, ова им предизвикало многу проблеми на актерите.

Потенцијалните скандали, гласините за неверства и што уште не биле премногу за врската на Деми и Брус.

akterot-ne-e-fan-na-monogamijata-zoshto-brus-vilis-i-demi-mur-se-razdelija-po-13-godini-brak-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Син му е обвинет за силување девојка со негова помош – Кои се 7-те деца на Пи Диди кои ги има од 4 ж... Едниот од синовите на Пи Диди, Кристијан, беше забележан во ноќен клуб само два ...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg