Се трезни со Бредли Купер, вози мотор со Џорџ Клуни: 10 факти за пријателствата на Бред Пит
- Детали
- сабота, 20 јуни 2020
Не е тајна дека сите нè интересира какви се ѕвездите во приватниот живот. Сакаме да знаеме како се однесуваат со нивните најблиски и како навистина изгледа пријателството со нив.
Едно од поинтересните холивудски пријателства е она помеѓу Бред Пит и Леонардо ди Каприо. А, изгледа дека Бред е навистина добар пријател не само со Лео, туку со многу други славни личности.
Во продолжение погледнете како се однесува актерот со неговите пријатели:
Неверојатна дарежливост
Кога Бред Пит дознал дека еден негов пријател си го уништил моторот од марката Harley Davidson, веднаш почнал да му бара замена. Наводно, моторот чинел над 37.000 долари, но Бред го купил без двоумење.
„Бред веднаш се пушти во акција да најде дупликат. Кога најдоа ист мотор во Германија, Бред напиша чек и ја договори испораката на моторот до пријателот, со порака во која му кажа дека знаел колку му значи моторот и само сакал да му помогне“, вели еден извор.
Дружба со правење скулптури
Според некои извори, Бред Пит се заинтересирал за правењето скулптури и садови од глина. Дури имал и студио за таа намена, каде што неретко ги канел неговите пријатели.
„Бред има студио за грнчарство во неговата куќа, а Леонардо ди Каприо сака да оди и да го користи. Некогаш се дружат со пријателите уметници на Бред, а некогаш се само тие двајцата“, изјави извор близок до актерот.
Музички концерти
И покрај неговата популарност, актерот не се плаши да оди на концерти како „обична“ личност.
Бред многупати е забележуван на разни музички концерти со неговите пријатели и секогаш се обидува да не привлекува многу внимание.
Дружба во ресторани за брза храна
Актерот е и многупати забележуван со неговите пријатели во разни ресторани за брза храна. Неодамна беше фотографиран со пријателката Алија Шавкат, во ресторанот In-N-Out Burger.
Долгогодишни пријателства
Актерот со години е активен на холивудската сцена и во текот на кариерата стекнал многу пријатели. Интересно е што и самиот има изјавено дека се обидува да го одржи односот со сите нив.
Наводно, повеќето негови пријателства траеле и по неколку децении.
„Имам некои драги пријатели веќе 30 години. Заедно пораснавме“, има изјавено актерот.