Бритни на 14, Лима на 27: Славните дами откриваат кога ја изгубиле невиноста
- Детали
- понеделник, 15 јуни 2020
Интимниот живот на луѓето треба да остане приватен, освен кога самите тие ќе решат да го споделат со јавноста.
Некои славни личности не гледаат ништо лошо во тоа да зборуваат за сексот отворено, а сигурно многу луѓе сакаат да ѕирнат во нивната приватност и да дознаат некој сочен детаљ.
Во интервјуа или автобиографии овие ѕвезди имаат откриено кога ја изгубиле невиноста:
Бритни Спирс – 14 години
Многумина беа сигурни дека таа ја изгубила невиноста со Тимберлејк, но нејзината мајка го раскажа ова искуство во биографска книга. Таа првпат била со кошаркар од училиште, а тогаш имала 14 години.
Кејт Мос – 14 години
Во младоста таа се чувствувала несигурно и несамоуверено и верувала дека ниту едно нормално момче нема да ја сака. Но, за време на одмор на Бахамите го имала првиот секс во романтична атмосфера, како што раскажува во нејзината биографија.
Парис Хилтон – 15 години
Таа ја изгубила невиноста со братот на Тори Спелинг, биле во врска 2 месеца. Ова искуство го има споделено момчето, а не самата таа.
Адриана Лима – 27 години
На многумина веројатно нема да им се верува, но манекенката се чувала за нејзиниот брак и првиот секс го имала на 27 години.
Ким Кардашијан – 15 години
Пред да ја изгуби невиноста, Ким се консултирала со нејзината мајка, која била либерална и отворена на темата, а тогаш имала 15 години. Таа тоа го направила со внукот на Мајкл Џексон.
Анџелина Џоли – 14 години
Во младоста таа била бунтовничка и сакала експерименти, има изјавено дека првпат секс имала на 14 години, кој баш и не бил романтичен, бидејќи таа сакала ризична игра.
М. М. | Црнобело