Славни парови кои живеат (или живееле) одвоено
- Детали
- недела, 07 јуни 2020
Нормално е паровите кои се во сериозна врска или брак да живеат заедно. Но, постојат и оние кои и покрај стабилната врска, живеат во различни домови. А, вакви примери има и кај холивудските парови.
Понекогаш причината се работните обврски на партнерите, но понекогаш тие сметаат дека тој начин на живот е најдобар за нив.
Во период на пандемија веројатно поголем дел од нив се заедно, но имало периоди кога сосема нормално го прифаќале одвоеното живеење.
Погледнете кои славни парови решиле дека е нормално да живеат одвоено од разни причини:
Гвинет Палтроу и Бред Фалчук
Парот се венчаше во септември 2018-та, и речиси цела година живееја одвоено. Според изворите, четири ноќи неделно Бред спиел кај актерката, а останатите три си одел дома.
Сепак, во август минатата година, тие се вселија во ист дом.
Џулија Робертс и Дени Модер
Џулија и Дени имаат заедничка куќа. Кратко откако ја купиле, Дени купил мал имот во близина на куќата, каде што минувал поголем дел од времето.
Сепак, тој секој ден ги посетува и децата и Џулија, со која имаат навистина стабилна врска.
Сара Џесика Паркер и Метју Бродерик
Познатите актери се во брак 20 години, а велат дека клучот за нивниот успех е тоа што често се разделени.
Поради кариерата, и двајцата минуваат и по неколку месеци настрана од дома, но кога повторно ќе се видат имаат многу за разговарање. Актерката има изјавено дека овие разговори навистина му годеле на нивниот брак.
Ешли Греам и Џастин Ервин
Поголемиот дел од времето, Џастин е во Лос Анџелес. Ешли, пак, најчесто се наоѓа во Њујорк. Парот е во брак 10-тина години и често беа критикувани поради овој начин на живот.
Но, и двајцата имаат изјавено дека токму оваа разделба ја зголемила довербата во нивната врска.