Славни парови кои живеат (или живееле) одвоено
Карди Би и Офсет
Врската на овој пар отсекогаш била бурна. Во 2019-та, тие почнаа да живеат одвоено, но заедно се грижеа за нивната ќерка. Наводно, ова им помогнало да ја зајакнат врската, и денес тие повторно живеат заедно.
Џејми Оливер и Џулиет Нортон
Џејми е еден од најпознатите готвачи во светот, па патува многу често. И самиот има изјавено дека ретко наоѓа време за семејството, па дури и се нарекува „татко за викенд“.
Џулиет, пак, смета дека нејзиниот сопруг е одличен татко, а тоа што често се разделени не им претставува сериозен проблем.
Жан-Пол Сартр и Симон де Бовуар
Паровите што живеат одделно и денес предизвикуваат жестоки дебати, но замислете како било пред 50 години.
Жан-Пол и Симон никогаш не живееле заедно и никогаш не стапиле во брак. Истовремено, тие имале и отворена врска.
Тим Бартон и Хелена Бонам Картер
Ексцентричниот пар се раздели во 2014-та, но тие беа помеѓу првите кои го прославија „трендот“ на одделно живеење.
Цели 13 години, Хелена и Тим живееја во Лондон, во одделни станови. Сепак, становите биле еден до друг.
Спирова С. | Црнобело