Нова фотосесија на италијанскиот милионер Џанлука Ваки и Шерон Фонсека - чевлите му се хит
- Детали
- четврток, 28 мај 2020
Секогаш ексцентричен и свој, италијанскиот плејбој и овојпат направи смел избор на чевли.
Италијанскиот милионер Џанлука Ваки и неговата девојка Шерон Фонсека го очекуваат своето прво дете и уживаат во новата фаза од нивната љубовна врска.
Парот постојано се фотографира, а Ваки не престанува да го бакнува трудничкото стомаче на својата 27 години помлада девојка.
Фонсека треба да се породи кон крајот на октомври и сѐ уште не го знаат полот на детето, но бизнисменот вели дека чувствува дека ќе биде син.
Тие се најдоа на насловната страница на магазинот „iHola“.
Дел од нивната фотосесија направена по тој повод:
Уште фотки и забавни видеа од парот:
Прочитајте и Јахти, убави жени, дете на 52: Факти за импресивниот италијански плејбој Џанлука Ваки
С. С. | Црнобело