Адријана Лима и Марко Јариќ заедно со ќеркичките во изолација – дали следи обновување на љубовта?
- Детали
- понеделник, 04 мај 2020
Се кријат од медиумите, но во 2019-та Марко Јариќ и Адријана Лима беа видени заедно како вечераат во Мајами. Сега, повторно се на исто место и со ќеркичките заедно ги поминуваат деновите во изолација.
Разводот не ги спречи да останат во одлични односи, па затоа и се одлучиле овие тешки моменти да ги поминуваат заедно.
За да не биде само „трач-муабет“, американските таблоиди објавија фотки на кои е видливо дека семејството е повторно заедно.
За потсетување, Адријана Лима и Марко Јариќ се венчаа на Денот на вљубените во 2009-та година, а во бракот ги добија двете ќеркички.
Бракот траеше 5 години, односно се разделија во 2014-та година, а законски го завршија во 2016-та година.
Парот сé уште се нема огласено на тема дали смирувањето е вистинско или само привремено, поради околностите:
Прочитајте и Брус Вилис го продолжува карантинот со бившата Деми Мур, додека сопругата седи дома
М. Д. | Црнобело