22 години после „Злобница“ – како изгледа најголемиот мексикански заводник Фернандо Колунга денес? (фото)
- Детали
- недела, 03 мај 2020
Фернандо Колунга денес има 54 години. Мексиканскиот актер е оженет со актерката Бланка Сото.
Ѕвездата на мексиканските теленовели е постојано под лупата на јавноста, а многумина се прашуваат како може да изгледа вака на оваа возраст, шпекулирајќи дека актерот погледнал на трендот кој опфаќа пластични операции. Колунга го негира ова тврдење.
„Знам дека има луѓе кои те гледаат и си велат – Ах, тој има направено пластична операција. Не господине, се грижам за себеси целиот свој живот, јадам здрава храна, имам обврска кон публиката да изгледам добро.
Мојата генетика ми помогна, како и сите години претходно кога не пиев, не пушев и се обидував да го задржам добриот изглед. Не само затоа што изгледав убаво и добро, туку затоа што мојата работна обврска подразбира да го покажувам моето лице“.
Актерот глумеше во над 30 серии и филмови, а неговото богатство се проценува на 5 милиони долари.
Колунга се соочува и со многу прашања поврзани со неговата сексуалност. Новинарите постојано ги испитуваат дали можеби е хомосексуалец.
„Од една страна ова ми дава одредено задоволство, фактот дека некој посветува дел од својот живот мислејќи на мене. Мора да им предизвикувам навистина голема криза или пак сум огромна мотивација да одвојат толку многу од сопственото време на мене и да се чувствуваат задоволно со себеси“.
Последната ТВ серија во која се појави актерот е Pasión y poder пред 4 години, а нам ни е најпознат по улогата на Карлос Даниел Брачо во серијата „Злобница“ (La usurpadora), како и улогите во Nunca te olvidaré, Esmeralda, Abrázame muy fuerte…
Погледнете како изгледа мексиканскиот заводник денес:
(О)Милена | Црнобело