Кожено здолниште и деколте - Ирина Шајк во секси издание со маска ја шета ќерката Леа
- Детали
- среда, 29 април 2020
На улиците во Њујорк со својата ќерка во количка - Ирина Шајк со стајлинг кој остава впечаток.
Ирина Шајк минува многу време со својата 3-годишна ќерка во домашна изолација во Њујорк, но сега супермоделот одлучи да се прошета со малата Леа.
34-годишната Ирина изненади со сексапилниот стајлинг. Таа носеше кратко кожено здолниште и маичка со деколте, а на лицето имаше црна маска.
Ирина Шајк и пред неколку дена беше фотографирана на прошетка со својата ќерка, но во многу поскромно издание.
Инаку, периодов таа се занимава со хуманитарна работа. На своите 13.5 милиони следбеници на Инстаграм им се заблагодари што донирале за да може да се обезбедат оброци за загрозените семејства во време на пандемијата.
„Љубезноста прави разлика“, порача таа.
https://www.instagram.com/p/B_f46iNHTDl/
С. С. | Црнобело