Дете на 65 години, 3 децении помлада сопруга - Што прави Ѕверката од „Сексот и градот“ денес?
- Детали
- среда, 22 април 2020
Кери Бредшо не можеше да му одолее на филмското платно, но каква убавица има покрај себе Крис Нот во реалноста?
„Ѕверката“ ќе го паметиме по неговиот сексапил и магнетската привлечност која Кери Бредшо ја чувствуваше кон него. Овој лик во серијата „Сексот и градот“ го глумеше актерот Крис Нот.
Денес тој изгледа малку поинаку од што го паметиме, а во светските медиуми стана актуелен со неговата т.н. карантинска фризура. Тој деновиве се потстрижа во домашни услови, а дури и Сара Џесика Паркер, некогашната ко-ѕвезда од познатата серија, му остави коментар: „Што чекаше досега?“.
Инаку дека Крис не го загубил младешкиот дух е доказ тоа што во февруари 2020 на 65-годишна возраст тој го доби второто дете со 28 години помладата сопруга Тара Вилсон.
Парот по долги години врска стапи во брак во 2012 година, а веќе го имаат 12-годишниот син Орион.
Кога го добија вториот син, Кит се пошегува на социјалните мрежи дека треба да се врати во форма за да го издржи темпото со новороденчето.
Парот отворено говори дека на почетокот од нивната врска постојано раскинувале. Тара во една пригода на шега изјави: „На почетокот раскинувавме на секое две седмици, потоа на секои два месеци, потоа на секои 6 месеци.“
Како изгледа семејството на Крис Нот:
С. С. | Црнобело