Калиопи и Васил Зафирчев и уште 7 познати парови што останаа пријатели по разделбата
- Детали
- среда, 22 април 2020
Калиопи и Васил Зафирчев, Милош Биковиќ и Аглаја Тарасова се само дел од познатите парови кои останаа во добри односи по разделбата.
Иако нивните врски и бракови одамна завршија, тие имаат само убави зборови еден за друг.
Некои од познатите личности по разводот одат дури и заедно и на одмор.
Познати парови што останаа пријатели по разделбата:
Калиопи и Васил Зафирчев
Тие имаат само пофални зборови еден за друг и, иако нивниот брак одамна заврши, сѐ уште се пријатели и поддршка еден на друг. Васил отворено вели дека Калиопи е голем бренд и огромен уметник.
Милош Биковиќ и Аглаја Тарасова
Српскиот актер и руската актерка се разделија во летото 2018 година, по година и половина врска. Изјавија дека пренатрупаните распореди им се пречка да се гледаат, но останаа блиски пријатели и продолжија да говорат еден за друг со почит.
Ирина Шајк и Бредли Купер
Парот се раздели во летото 2019, но и покрај гласините за неговата афера со Лејди Гага, тие останаа пријатели, пред сѐ поради доброто на нивната ќеркичка Леа.
Деми Мур и Брус Вилис
Поранешните сопружници го воодушевија светот со тоа што заедно го минуваат периодот на самоизолација поради доброто на нивните 3 деца.