„Посакувам да сум во твојата прегратка“ - Ванеса Брајант ја одбележа 19-тата годишнина од бракот со Коби
- Детали
- вторник, 21 април 2020
Во саботата, Коби Брајант и сопругата Ванеса требаше да ја прослават нивната 19-та годишнина – прва по трагичната смрт на кошаркарот и неговата ќерка.
Ванеса го одбележа денот со слатка фотографија од неа и Коби со опис:
„Мојот крал, моето срце, мојот најдобар пријател. Среќна 19-та годишнина. Ми недостасуваш премногу. Посакувам да си овде и да ме држиш во прегратка. Те сакам.“
https://www.instagram.com/p/B_ITucyDzf2/
37-годишната Ванеса добила и букет рози од поранешниот соиграч на Коби, По Гасол и неговата сопруга Кетрин Мекдонел.
„Цвеќе за годишнината од мојот Коби“, напишала Ванеса во описот, притоа заблагодарувајќи им се на По и сопругата.
https://www.instagram.com/p/B_JWR9ND-MU/
Ванеса сподели и постаро видео од MTV News, на кое кошаркарот кажува зошто Ванеса е вистинската личност за него.
„Знаете, тешко е да кажете што ја прави една личност вистинската за вас, но едноставно знаете. Љубовта е смешно нешто. Не можам да ја објаснам и не можам да ја разберам. Сè што знам е дека таа ми го украде срцето и знаев дека е вистинската“, вели Коби во видеото.
https://www.instagram.com/p/B_IS2_XD3sN/
Парот првпат се запозна во 1999-та, на сет на музичко видео, кога кошаркарот имаше 20, а Ванеса 17 години. Не требало многу за да се роди љубов.
Кошаркарот ја запроси Ванеса откако таа наполни 18, а се венчаа на 18-ти април 2001-ва година.
Заедно имаат четири деца, но за жал 13-годишната Џиана загина со својот татко.
Ванеса ја прослави и четвртата годишнина од пензионирањето на Коби од НБА, со снимка од последниот натпревар за НБА.
„Сопругот вредно работеше 20 години. Даде сè од себе. Сè што сакаше беше да минува време со нашите девојчиња и да надополни за изгубеното време.
Сакаше да биде овде за секое достигнување и секој посебен момент во животот на нашите девојчиња. Можеше да ужива во само 3 години и 9 месеци од пензијата.
Добивме уште две ќерки, тој доби Оскар, го отвори студиото Granity, стана најпродаван автор и го тренираше кошаркарскиот тим на Џиана во тој период“, напишала Ванеса.
https://www.instagram.com/p/B-7erxtDRAB/
Гордата мајка сподели и неколку фотографии од ќеркичката Џиана:
https://www.instagram.com/p/B_HRI9ujY-0/
https://www.instagram.com/p/B_HKRV6DRB1/
https://www.instagram.com/p/B_G6gKFjR4t/
Спирова С. | Црнобело