Прекрасната Клаудија Шифер не се плаши од стареење – како изгледа на 49 години? (фото)
- Детали
- четврток, 16 април 2020
Додека многу жени кои веќе ја ситнат петтата деценија од животот се обидуваат на секој можен начин да го вратат младешкиот сјај и изглед, некои преферираат да стареат женствено и достоинствено.
Една од нив е германскиот супермодел Клаудија Шифер која има 49 години, а во неодамнешно интервју за Daily Mail ѕвездата од модните писти изјави дека ја сака нејзината возраст и сосема јасно ѝ е дека никогаш повеќе нема да има 20 години.
„Секоја година носи нови авантури и мудрост, па токму затоа никој не треба да се плаши од иднината“.
Годинава Шифер ќе наполни 50 години и верува дека секоја жена треба да биде горда на својата возраст, наместо да се плаши од неа.
Доказ дека на безмалку 50 години може да изгледате прекрасно и секси во својата кожа:
(О)Милена | Црнобело