46-годишната Кејт Бекинсејл овојпат си „фати“ 22-годишно момче
- Детали
- вторник, 14 април 2020
Нејзиното сегашно момче има 22 години и е само една година постаро од нејзината ќерка, а бившиот ѝ беше 20 години помлад од неа.
Кејт Бекинсејл се состанува со 22-годишниот музичар со бебешко лице, познат како Goody Grace.
Пред тоа англиската актерката беше во врска со поранешниот свршеник на Аријана Гранде, Пит Дејвидсон, кој беше 20 години помлад од неа.
Прочитајте и Кејт Бекинсејл си го фати 20 години помладиот бивши свршеник на Аријана Гранде
Изгледа слабост ѝ се помладите момци, бидејќи овие двајца не се единствените нејзини партнери кои биле драстично помлади од неа.
Инаку Кејт зад себе има 12-годишен брак кој заврши со развод во 2016 година, а пак од 1995 година до 2003 беше во долга врска со Мајкл Шин и со него ја доби ќерката Лили во 1999 година.
Сегашното момче на Кејт е само една година постаро од нејзината 21-годишна ќерка Лили Шин.
Парот се држеше за раце на прошетка во Лос Анџелес:
С. С. | Црнобело