Клои Кардашијан го прослави роденденот на ќерката во карантин во вилата од 7 милиони евра
- Детали
- понеделник, 13 април 2020
Во 2017 година Клое ја купи раскошната вила од Џастин Бибер, но, за жал, во 2018 по раѓањето на Тру се раздели од својот сопруг поради низата неверства, па сега е сама во неа со ќерката.
Ќерката на Клои Кардашијан и Тристан Томпсон наполни 2 години, а роденденот го прослави дома во карантин со тематска забава со тролови, плус роденденска фотосесија со розови балони.
И покрај пандемијата Клои ѝ направи на својата ќерка славеничка атмосфера во раскошната вила со 7 спални, која ја купи во 2017 година од Џастин Бибер, за речиси 7 милиони евра.
35-годишната ријалити ѕвезда порача дека иако на забавата се само тие, најважно е нејзината ќерка да знае дека е сакана и обожавана.
Инаку, Клои и Тристан се разделија кратко по раѓањето на нивната ќерка во 2018 година, поради низата скандали на НБА ѕвездата за афери со различни жени. Односот на поранешниот пар е драматичен, но се трудат пред сѐ да бидат добри родители.
Фотографии од роденденската забава во карантин + фотки од вилата на Клои:
С. С. | Црнобело