Меган Маркл и Хари не се единствените - Најконтроверзните кралски парови на сите времиња

Едвард VIII и Волис Симпсон

Ако Едвард не се вљубел, Елизабета никогаш немаше да биде кралица.

Кралот Едвард ја потресе нацијата кога после само една година на тронот, изјавил дека се откажува од кралските должности за да може да се венча со Волис.

Едвард морал да го направи ова, бидејќи Волис била претходно разведена.

megan-i-hari-ne-se-edinstvenite-najkontroverznite-kralski-parovi-na-site-vreminja-07.jpg

Принцезата Шарлин и принцот Алберт од Монако

Шарлин е 20 години помлада од сопругот Алберт и наводно, се обидела да избега пред нивната венчавка.

Според некои извори, таа се обидела да избега во Ница, Франција, но нејзиниот пасош бил конфискуван. На крај, ја убедиле да се венча со принцот.

megan-i-hari-ne-se-edinstvenite-najkontroverznite-kralski-parovi-na-site-vreminja-08.jpg

Принцезата Маргарет и Питер Таунсенд

Маргарет се вљубила во еден од вработените во палатата, но бидејќи била помлада од 25 години, ѝ била потребна дозвола од кралицата за да се венча со него. Бидејќи Питер зад себе имал развод, кралицата не го одобрила бракот.

Кога наполнила 25 години и се подготвувала за венчавката со Питер, на Маргарет ѝ рекле дека ќе ги изгуби кралските привилегии ако се венча со разведен маж, па таа и Питер се разделија.

megan-i-hari-ne-se-edinstvenite-najkontroverznite-kralski-parovi-na-site-vreminja-09.jpg

Принцезата Маргарет и Ентони Армстронг Џоунс

На крај, Маргарет се венча со фотографот Ентони. На почетокот можеби биле среќни, но откако бракот почнал да се распаѓа, се појавија безброј гласини за афери.

Маргарет и Ентони се разведоа, а ова е првиот кралски развод од 1500-тите.

megan-i-hari-ne-se-edinstvenite-najkontroverznite-kralski-parovi-na-site-vreminja-10.jpg

Принцот Чарлс и Дијана Спенсер

Тажната приказна на Чарлс и Дијана ја знае речиси секој.

На почетокот нивниот брак изгледаше совршен, но со текот на времето нивните разлики станува очигледни, па и овој брак заврши со развод.

megan-i-hari-ne-se-edinstvenite-najkontroverznite-kralski-parovi-na-site-vreminja-11.jpg

Принцот Чарлс и Камила Паркер

Оваа врска се смета за контроверзна бидејќи Чарлс се гледаше со Камила додека беше во брак со Дијана.

Очигледно, луѓето не ја сакаат Камила, а пред да се венчаат, таа и Чарлс биле присилени да се извинат за нивните постапки.

megan-i-hari-ne-se-edinstvenite-najkontroverznite-kralski-parovi-na-site-vreminja-12.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Сакаше да биде принцеза, а денес рекламира кафе“ – Дали Меган Маркл беше во заблуда за тоа како ќе ... „Некогаш ја претставуваше кралицата, а сега пакува кафе. Леле на кое ниво паднал...
Хари беше претставен како зависник и нацист, а Вилијам беше златниот принц – Што ѝ претходеше на кав... Иако многумина ја обвинуваат Меган Маркл за влошените односи меѓу Вилијам и Хари...
Меган Фокс првпат искрена за пластичните операции: „Трипати ги зголемив градите, сакам и поголем зад... „Првата операција ја направив на 21 или 22 години. Повторно направив операција к...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...
7 познати парови кои се венчаа откако раскинаа Бен Афлек и Џеј Ло беа свршени во раните 2000-ти, раскинаа, а се смирија и венча...
Признанието за неверство на Дејвид Бекам, спуштените пантолони на Канје – Настани во шоу бизнисот шт... Двете бебиња на Парис Хилтон, разделбата на Меган Фокс и Машин Ган Кели, неплани...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg