Меган Маркл и Хари не се единствените - Најконтроверзните кралски парови на сите времиња
Едвард VIII и Волис Симпсон
Ако Едвард не се вљубел, Елизабета никогаш немаше да биде кралица.
Кралот Едвард ја потресе нацијата кога после само една година на тронот, изјавил дека се откажува од кралските должности за да може да се венча со Волис.
Едвард морал да го направи ова, бидејќи Волис била претходно разведена.
Принцезата Шарлин и принцот Алберт од Монако
Шарлин е 20 години помлада од сопругот Алберт и наводно, се обидела да избега пред нивната венчавка.
Според некои извори, таа се обидела да избега во Ница, Франција, но нејзиниот пасош бил конфискуван. На крај, ја убедиле да се венча со принцот.
Принцезата Маргарет и Питер Таунсенд
Маргарет се вљубила во еден од вработените во палатата, но бидејќи била помлада од 25 години, ѝ била потребна дозвола од кралицата за да се венча со него. Бидејќи Питер зад себе имал развод, кралицата не го одобрила бракот.
Кога наполнила 25 години и се подготвувала за венчавката со Питер, на Маргарет ѝ рекле дека ќе ги изгуби кралските привилегии ако се венча со разведен маж, па таа и Питер се разделија.
Принцезата Маргарет и Ентони Армстронг Џоунс
На крај, Маргарет се венча со фотографот Ентони. На почетокот можеби биле среќни, но откако бракот почнал да се распаѓа, се појавија безброј гласини за афери.
Маргарет и Ентони се разведоа, а ова е првиот кралски развод од 1500-тите.
Принцот Чарлс и Дијана Спенсер
Тажната приказна на Чарлс и Дијана ја знае речиси секој.
На почетокот нивниот брак изгледаше совршен, но со текот на времето нивните разлики станува очигледни, па и овој брак заврши со развод.
Принцот Чарлс и Камила Паркер
Оваа врска се смета за контроверзна бидејќи Чарлс се гледаше со Камила додека беше во брак со Дијана.
Очигледно, луѓето не ја сакаат Камила, а пред да се венчаат, таа и Чарлс биле присилени да се извинат за нивните постапки.
Спирова С. | Црнобело