Меган Маркл и Хари не се единствените - Најконтроверзните кралски парови на сите времиња

Можеби ни изгледа дека членовите на кралските семејства сега се озборуваат најмногу, но ова не е ништо ново.

megan-i-hari-ne-se-edinstvenite-najkontroverznite-kralski-parovi-na-site-vreminja-01.jpg

Низ годините, европските кралски семејства се соочувале со бројни скандали, особено поради партнерите што ги одбирале.

Па, погледнете кои кралски парови предизвикале најмногу бура:

Меган Маркл и принцот Хари

Веќе целиот свет знае за Меган и Хари и нивната одлука да ги напуштат кралските должности. Ова не е нешто невидено во кралските семејства и иако денес можеби правилата не се толку строги, она што го направија Хари и Меган беше вистински скандал за британското кралско семејство.

megan-i-hari-ne-se-edinstvenite-najkontroverznite-kralski-parovi-na-site-vreminja-02.jpg

Кралот Хенри VIII и Ен Болејн

Кога Хенри се вљубил во Ен, одлучил да се раздели од неговата тогашна сопруга Кетрин. Но, Католичката црква го забранувала разводот, па Хенри решил да направи своја религија.

Всушност, љубовта на Хенри кон Ен е причината за создавањето на Црквата на Англија и одделувањето на Обединетото Кралство од Ватикан.

На крајот, Ен го изневерила Хенри, па тој наредил да ѝ ја пресечат главата.

megan-i-hari-ne-se-edinstvenite-najkontroverznite-kralski-parovi-na-site-vreminja-03.jpg

Принцот Ендру и Ку Старк

Во 1981-ва, принцот Ендру се вљубил во Ку Старк – актерка и модел која правела провокативни фотографии и се подготвувала да се појави во филм гола.

Се верува дека Ендру дури и ги запознал кралицата Елизабета и Ку, но нивната врска морала да заврши, најмногу поради притисокот од палатата.

megan-markl-i-hari-ne-se-edinstvenite-najkontroverznite-kralski-parovi-na-site-vreminja.jpg

Принцот Ендру и Сара Фергусон

По разделбата со Ку, Ендру се венча со Сара Фергусон, но нивниот брак го следеа безброј скандали, па дури и гласини за неверства. Во 1996-та тие се разведоа, а во 2010-та Сара беше фатена како се обидува да продаде информации за принцот.

megan-i-hari-ne-se-edinstvenite-najkontroverznite-kralski-parovi-na-site-vreminja-05.jpg

Принцот Карл Филип од Шведска и принцезата Софија

Оваа врска е контроверзна бидејќи пред да стане принцеза, Софија имала направено неколку провокативни фотосесии. Истовремено, таа има и тетоважи – нешто што не постои кај кралските семејства.

Според изворите, семејството на Карл не ја сакало Софија поради нејзиното минато, но принцот се обиде да ги замолчи сите гласини.

megan-i-hari-ne-se-edinstvenite-najkontroverznite-kralski-parovi-na-site-vreminja-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Сакаше да биде принцеза, а денес рекламира кафе“ – Дали Меган Маркл беше во заблуда за тоа како ќе ... „Некогаш ја претставуваше кралицата, а сега пакува кафе. Леле на кое ниво паднал...
Хари беше претставен како зависник и нацист, а Вилијам беше златниот принц – Што ѝ претходеше на кав... Иако многумина ја обвинуваат Меган Маркл за влошените односи меѓу Вилијам и Хари...
Меган Фокс првпат искрена за пластичните операции: „Трипати ги зголемив градите, сакам и поголем зад... „Првата операција ја направив на 21 или 22 години. Повторно направив операција к...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...
7 познати парови кои се венчаа откако раскинаа Бен Афлек и Џеј Ло беа свршени во раните 2000-ти, раскинаа, а се смирија и венча...
Признанието за неверство на Дејвид Бекам, спуштените пантолони на Канје – Настани во шоу бизнисот шт... Двете бебиња на Парис Хилтон, разделбата на Меган Фокс и Машин Ган Кели, неплани...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg