Џиџи се вика Јелена - Ѕвезди на кои не им ги знаете вистинските имиња
- Детали
- сабота, 25 април 2020
Не е реткост познатите да го модифицираат или целосно да го променат нивното име откако ќе станат славни.
Понекогаш славните одбираат ново име бидејќи нивното е тешко за изговор, не им се допаѓа или поради нешто сосема друго.
Во продолжение погледнете неколку славни личности, чие вистинско име сигурно не сте го знаеле.
Карди Би – Белкалис Марленис Алманзар
Пејачката најпрво го користела името Бакарди, но подоцна го скратила и сега ја знаеме како Карди Би.
Џиџи Хадид – Јелена Нора Хадид
Џиџи го променила името Јелена уште во средно, бидејќи во нејзиното училиште имало уште едно девојче со истото име. Го одбрала името Џиџи бидејќи мајка ѝ ја нарекувала така.
Вин Дизел – Марк Синклер
Меган Маркл – Рејчел Меган Маркл
Пред да стане Војвотката од Сасекс, пријателите ja знаеле Меган како Рејчел.
Мајли Сајрус – Дестини Хоуп Сајрус
Мајли си го заработила прекарот Смајли (смешко) поради нејзината насмевка. Подоцна го променила прекарот во Мајли.
Бруно Марс – Питер Џин Хернандез
Бруно го одбрал ова име бидејќи татко му почнал да го вика така.
Лејди Гага – Стефани Германота
Рис Витерспун – Лора Џин Рис Витерспун
Актерката го скратила нејзиното вистинско име, а го задржала Рис бидејќи тоа е моминското презиме на мајка ѝ.