Како одговори Хали Бери на критиките дека син ѝ се шета дома во нејзини штикли?

Деновиве сите се обидуваме да најдеме некаква разонода во домот, а истото го прават и познатите.

hali-beri-meta-na-kritiki-otkako-spodeli-video-od-sin-i-so-visoki-potpetici-01.jpg

Па така, 53-годишната Хали Бери сподели видео од нејзиното синче, кое се обидува да оди низ дома во нејзини чизми со високи потпетици.

6-годишниот Масео носи слатки пижами и бели кожени чизми со високи потпетици, и едвај успева да одржи рамнотежа со нив.

„Карантин ден 12“, стои во описот на објавата.

Иако очигледно Хали и нејзиниот син само се забавувале, многу луѓе ја критикуваа актерката.

Некои коментирале дека нивните синови никогаш не си играле со „женски обувки“, а други, пак, напишале дека се надеваат дека тоа е ќерката на Хали.

Но, актерката знае како да се справи со сите и одговори на најдобриот начин:

„Безопасна забава. Се обидуваме да преживееме сега. Ме разбирате?“

Актерката додаде дека периодов само се обидуваат да се справат со ситуацијата, а шегите, како онаа на видеото, им помагаат.

Како се забавувате вие со вашето дете во деновите кога сте затворен дома?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Која е 23-годишната девојка што се појави по гаќи и чуден градник на MTV VMA 2024? На синоќешното одржување на MTV VMA наградите, покрај многуте добри и лоши стајл...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...
Скандалозниот љубовен живот на Џоан Колинс: Првиот сопруг ја силувал, од петтиот е постара 31 година „Сите поранешни сопрузи беа со мене за пари. Единствено третиот не се збогати на...
Шенон Доерти се подготвува за смртта: „Ги продавам сите материјални работи“ „Сега приоритет ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко кога ќе умрам пред неа,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg