Каролина Гочева повторно е муза за својот сопруг Михаил Корубин (фото)
- Детали
- понеделник, 30 март 2020
Откако порача „Седи дома, од нас зависи“, Каролина покажа со какви домаќински активности се занимава во сабота навечер и како сопругот ја перципира.
Дека Каролина Гочева е муза за нејзиниот сопруг, уметникот Михаил Корубин, видовме уште по прекрасниот портрет кој беше насловна фотографија на нејзиниот албум „Извор“.
Таа тогаш изјави дека Михаил е нејзиниот омилен уметник.
Сега, седејќи дома во изолација пејачката повторно беше инспиративна за него, овојпат активно вршејќи ги домашните обврски.
Михаил ја нацртал како става садови во машината за садови, а таа ја објави фотографијата на Инстаграм со описот: „Домаќинка во сабота навечер“.
Каролина преку својот профил упати порака до сите да седат дома и да го издржат овој период на самоизолација затоа што од нас зависи.
Таа од старите албуми објави и фотографија од скијање, направена во јануари годинава.
С. С. | Црнобело