Енрике Иглесијас откри како ќе се вика третото дете – ќеркичката ќе има руско име
- Детали
- сабота, 07 март 2020
На 30-ти јануари, Енрике и Ана го добија нивното трето дете, а дури сега го открија името на ќеркичката.
Парот неколку недели го држеше во тајност породувањето, а потоа двајцата објавија фотка со ќеркичката, но името не беше познато.
Сега 44-годишниот пејач реши да го откриe – ќеркичката ќе се вика Мари, или како што ја викаат тие - Маша, на руски, заради потеклото на Ана Курникова.
Претходно парот ги доби близнаците Николас и Луси, а Енрике вели дека брзо и лесно се навикнале на живот со две деца плус новороденче.
„Две години се разлика па малку се плашев како ќе реагираат. Имаме и две кучиња во домот па малку е хаотично. Кога првпат дојдовме дома со Маша, си викав како ли ќе реагираат сите?“ – открива тој во интервју за People.
М. М. | Црнобело