5 најубави работи кои Алекс Родригез ги кажа за Џеј Ло
- Детали
- вторник, 03 март 2020
За многу кратко време Алекс и Џеј Ло станаа синоним за љубов и доказ дека за вистинската љубов понекогаш треба трпение и време.
Се запознале во 2005-та година, кога Џеј Ло беше во брак со Марк Антони, но оттогаш останале само познаници.
10-тина години подоцна, се среќаваат во едно кафуле во Лос Анџелес и тука започнува нивната љубовна приказна, со оглед на тоа што и двајцата биле сингл во тој период.
Веќе во 2017-та беа новиот холивудски пар, за 2 години подоцна да се верат.
Љубовта сакаат да ја покажуваат на Инстаграм, но Алекс нескромно ја раскажува и секогаш кога ќе му се укаже шанса.
Ова се најубавите работи кои ги има кажано за Џеј Ло:
„Можеби овојпат не доби Златен Глобус, но не ти е потребен медал или трофеј за да се идентификуваш како шампион. За милиони млади жени кои години наназад те следат и на кои си им инспирација да постигнат феноменални работи во животот – ти си шампион.“
https://www.instagram.com/p/B8blK07jILV/?utm_source=ig_embed
„Не можам да поверувам дека поминаа само 730 дена, вкупно 2 години како сме заедно, бидејќи ми се чини дека со тебе сум отсекогаш.“
„Твојот неуморен нагон и одлучност прават да бидам најдобар човек секоја минута, секој ден.“
https://www.instagram.com/p/B40C5d5gCT7/?utm_source=ig_embed
„Од бејзбол натпревар, преку патувања ширум светот до настапи во Лас Вегас – толку многу работи сме направиле заедно и секој момент со тебе ми е скапоцен.“
„Нашите деца одлично се сложуваат, и двајцата сме од Њујорк, и едниот и другиот поседуваме латинско потекло, и двајцата сме во четириесетите, знаеме да уживаме во животот и тоа го правиме заедно... Но, факт е дека Џеј Ло е една од најимпресивните и најпаметни суштества кои некогаш сум ги запознал.“
https://www.instagram.com/p/B69aAdwgZEz/?utm_source=ig_embed
М. Д. | Црнобело