Зошто Мила Кунис има различна боја на двете очи?

Мила Кунис ги освои срцата на гледачите уште на 14 години, со улогата во хит-серијата „That 70s Show“.

zoshto-mila-kunis-ima-razlichna-boja-na-ochite-01.jpg

Додека фановите знаат многу детали за познатата актерка, малкумина забележале дека нејзините очи имаат различна боја. Веројатно причината е што Мила не е родена со овој феномен.

Различната боја на очите е еден вид нарушување познато како хетерохромија. Додека кај некои луѓе разликата е очигледна, кај Мила нарушувањето е посуптилно. Нејзиното лево око е зелено, додека десното има кафеава нијанса.

zoshto-mila-kunis-ima-razlichna-boja-na-ochite-02.JPG

Но штом не се родила со хетерохромија, како Мила го добила нарушувањето?

Актерката била слепа на едното око

Во интервју за Cosmopolitan од 2011-та, Мила се отвори за проблемот со кој се соочувала многу години – хроничен иритис, односно воспаление на рожницата.

„Бев слепа на едното око со години, а никој не знаеше.“

Актерката нема откриено колку долго се справувала со проблемот, но во 2010-та направила операција.

„Повеќе немам слепило. Пред неколку месеци направив операција. Ми го отворија окото и ми ставија нова леќа“, изјави актерката тој период.

zoshto-mila-kunis-ima-razlichna-boja-na-ochite-03.JPG

После операцијата, оперираното око почнало да ја менува бојата, па денес Мила има едно кафеаво и едно зелено око.

Ова е нарушување кое може да биде наследно или да настане од повреда.

Колку луѓе имаат хетерохромија?

Познато е дека само 1% од населението има хетерохромија. Според искуството на Мила, самото воспаление, пак, може да има големо влијание врз животот на личноста:

„Да речам дека не ми се промени животот би било лага. Животот ми се промени и не знам точно како. Не дека сакам да се жалам, но не можам да го напуштам домот со истата слобода како и претходно“, споделила актерката.

zoshto-mila-kunis-ima-razlichna-boja-na-ochite-04.JPG

Мила не е единствената позната личност со хетерохромија.

Кејт Босворт е уште една актерка со различна боја на очите. Наводно, во „Superman Returns“ режисерот ѝ рекол да ги извади леќите и да ја покаже вистинската боја на нејзините очи. Кејт има изјавено дека ѝ било тешко да се адаптира на промените што следеле:

„Брајан (режисерот) требаше да одлучи дали ги сака моите природни очи. Одлучи дека ги сака. Па, сега куклите со Лоис Лејн имаат различна боја на очите, што е навистина чудно.“

zoshto-mila-kunis-ima-razlichna-boja-na-ochite-05.JPG

И актерката Алис Ив има различна боја на очите – едно кафеаво и едно сино.

Во 2012-та таа откри дека некое поранешно момче не ја забележало разликата со месеци:

„Едно момче, со кое набрзо раскинавме, 9 месеци не ја забележа разликата во бојата на моите очи.“

zoshto-mila-kunis-ima-razlichna-boja-na-ochite-06.JPG

Во категоријата познати со некаков вид хетерохромија спаѓаат и Бенедикт Камбербач, Хенри Кевил, Кифер Сатерленд, Оливија Вајлд и многу други.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Имала слепило на едното око, со родителите побегнале од Украина – Тажни детали од животот на Мила Ку... Родителите на Мила Кунис одлучиле да ја напуштат Украина бидејќи биле Евреи. А, ...
Со првиот сопруг се омажила на 16 години, мајка ѝ го поништила бракот – Бурното љубовно минато на Ми... Гневна затоа што мајка ѝ не ја третирала како возрасна личност, Мила се омажила ...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Шенон Доерти се подготвува за смртта: „Ги продавам сите материјални работи“ „Сега приоритет ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко кога ќе умрам пред неа,...
Мал телевизор, пластични полици во бањата: Скромниот дом на Дру Баримор е хит на ТикТок Иако има богатство од над 120 милиони долари, домот на Дру Баримор е релативно с...
Остана без работа поради користењето дрога, не ѝ дозволувале да јаде: Тажни детали од животот на Кеј... По бурната врска со Џони Деп, за да го преболи, Кејт Мос се вплетка во љубовен т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg