Познати ѕвезди кои докажуваат дека може да ја најдете вистинската љубов и по 40-тата година
- Детали
- сабота, 29 февруари 2020
Во својата најчиста форма, љубовта е најмоќната емоција што постои. Ги брише сите несигурности, секој сомнеж што некогаш сме го чувствувале. Донесува чувство на смиреност и припадност.
Никогаш не е предоцна за вистинска љубов, а тоа го докажуваат бројните познати дами кои го пронајдоа вистинскиот партнер подоцна во животот.
Камерон Дијаз е една од оние жени кои едноставно немале среќа во љубовта. Постојано се среќавала со погрешни мажи кои не знаеле како да ја ценат, а потоа на 42-годишна возраст се запознала со „вистинскиот“.
Нејзината љубовна приказна со Бени Маден лесно можеше да стане образец за холивудска романтична комедија. Популарната актерка и гитаристот на групата Good Charlotte имат многу заеднички пријатели, но официјално се запознале во пролетта, во 2014 година.
Камерон организирала скара во нејзиниот дом и ја поканила пријателката, Никол Ричи, која била омажена за Џоел Маден, брат близнак на Бени. Џоел ја прашал дали може да го покани својот брат, на што Камерон му рекла: „Се разбира, сите сме семејство!“
Гвен Стефани имаше 46 години кога побара развод од Гавин Росдајл. Само една година по раѓањето на нивниот трет син, популарната пејачка дознала дека нејзиниот сопруг со години ја изневерувал со дадилката.
Таа дури и не се надевала дека ќе најде љубов после болниот развод, но тоа ѝ се случило на сетот на музичката емисија "The Voice".
Во времето кога Гвен му стави крај на бракот со Гавин, нејзиниот колега во шоуто, Блејк Шелтон, исто така се разведе од сопругата Миранда Ламберт, која го изневерувала со друг маж. Двете музички sвезди неочекувано се зближиле заради сличноста на нивните ситуации, а од пријателство се роди љубов.
Ашера | Црнобело