„Ме држеа во заробеништво“ - Каде и зошто „се изгуби“ русокосата Дафи со специфичен глас?
- Детали
- четврток, 27 февруари 2020
Пејачката Дафи, која извади неколку одлични хитови пред комплетно да се повлече од медиумите и сцената, на Инстаграм објасни зошто „се изгуби“ со години.
Признанието е потресно, а во него тврди дека непозната личност ја заробила, дрогирала и силувала.
Исповедните зборови се во продолжение:
„Можете да замислите само колку пати помислував да го напишам ова. За начинот како би го напишала, за тоа како би се чувствувала потоа... Не сум потполно сигурна зошто сега е правото време и зошто се чувствувам ослободено и возбудено, бидејќи зборувам. Не можам да објаснам.
Многу од вас се прашуваа што ми се случи, зошто исчезнав. Новинар ме контактираше, најде начин да дојде до мене и му раскажав што ми се случи, минатото лето. Беше љубезен и беше неверојатно конечно да прозборам.
Вистина е дека, и ве молам, верувајте ми дека сега сум добро и на безбедно, неколку дена бев силувана, дрогирана и држена во заробеништво. Секако дека преживеав. Но, опоравувањето траеше.
Нема лесен начин како тоа да го кажам. Можам да ви кажам дека во последната деценија посветив илјадници и илјадници денови за повторно да почувствувам радост во своето срце, а сега конечно чувствувам.
Ќе ме прашате зошто не го искористив својот глас како би ја изразила болката која ја чувствувам? Не сакав да му покажам на светот тага во моите очи. Се прашував како можам да пејам од срце кое е скршено. Полека, престанува да биде скршено.“
https://www.instagram.com/p/B8_95uYhFMQ/?utm_source=ig_embed
Пејачката нагласи дека наскоро ќе објави интервју, во кое ќе одговори на сите прашања на фановите.
Потсетете се на нејзините хитови:
https://www.youtube.com/watch?v=R6UwmJRkjBs
М. Д. | Црнобело