Кори има 39, Крис Џенер 64 години и се лудо вљубени - романсата на двојката низ фотки
И двајцата изгледаат среќно
Ова е фотографија од почетокот на нивната врска и уште тогаш постоела посебна хемија помеѓу нив.
Прегратки на море
Без разлика дали се на Ибица или Сен Тропе, овој пар ужива во авантурите на јахта.
И овојпат, изгледаат како да не можат да ги тргнат рацете еден од друг.
Позирање
Многумина се убедени дека врската на Крис и Кори е повеќе бизнис отколку романса. Сепак, тој редовно се појавува на „Keeping Up with the Kardashians“. Но, оние што ги познаваат, тврдат дека тие се лудо вљубени.
Пред излегување
Овде парот позира пред излегување. Изгледа Кори морал да трпи уште една забава.
Семејна фотографија во Мадам Тисо
Лево се наоѓа восочната фигура на Кортни, а веднаш до неа стои вистинската Крис. Кори, пак, стои до восочната фигура на Крис, па дури ја ставил и раката на нејзиното рамо.
Јавно покажување нежности
Ова е навистина интересна фотографија од Крис и Кори. Без разлика дали Кори ѝ го допира задникот или само ѝ ја мести облеката на Крис, очигледно и двајцата се забавуваат.
Уште една забава
Знаевте ли дека Клои не била во најдобри односи со Кори? Наводно, таа не му верувала.
Сладок гест
Оваа фотографија е направена на јахта во Сен Тропе. На фотографијата се гледа како Кори ѝ го мести ланчето на Крис и внимава на нејзиниот изглед.
Секогаш ја води
Очигледно, Кори е многу заштитнички настроен кон Крис. Речиси секогаш ја држи за рака или за половина, а ова однесување кажува многу.
Дали некогаш ќе се венчаат?
Еднаш Елен ѝ поставуваше прашања на Крис за нејзините планови за брак. Крис се пошегува дека веќе била во брак двапати, и ништо не излегло како што планирала.
„Мислам дека сè додека работите одат добро, нема зошто да ги менуваме“, изјави Крис.
Спирова С. | Црнобело