Познати парови кои одбиваат да се венчаат, и покрај тоа што имаат деца
- Детали
- среда, 05 февруари 2020
Повеќето парови, штом ќе одлучат да го поминат животот заедно, одлучуваат и да стапат во брак.
Другите, пак, немаат желба за ова и не им е проблем да останат во долга врска. И холивудските парови не се исклучок.
Овие парови можеби никогаш не го кажале судбоносното да, но ова не ги спречило да имаат деца и да оформат среќно семејство.
Погледнете кои се познатите парови кои не се венчаа, дури и откако имаа деца:
Шакира и Жерар Пике (2 деца)
Уште кога се запознаа на снимањето на спотот за „Waka Waka (This Time for Africa)“, Шакира и Пике ја почувствувале хемијата помеѓу нив.
Химната за FIFA World Cup 2010 ги зближи Шакира и Жерар, нo парот сè уште не е венчан.
Тие имаат две деца – Милан и Саша, и велат дека се посреќни од кога било.
Ева Мендез и Рајан Гослинг (2 деца)
Ева и Рајан се заедно уште од 2011-та, откако се појавија во филмот „The Place Beyond the Pines“.
Парот има две ќерки – Есмералда и Амада. Сепак, изгледа дека воопшто не ни помислуваат на брак.
Ана Курникова и Енрике Иглесијас
Руската тенисерка и шпанскиот пејач се запознаа на снимањето на спотот за песната „Escape“. Оттогаш, нивната врска станува сѐ посилна, но не сакаат да ја официјализираат.
Во 2017-та, Ана и Енрике ги добија близнаците Николас и Луси, a сега го очекуваат и третото дете.
Дајен Кругер и Норман Ридус (1 дете)
Дајен и Норман успешно ја криеја врската од медиумите цели 2 години.
Актерите ја започнале врската во 2015-та, откако заедно соработуваа на филмот „Sky“.
Во ноември 2018-та, парот ја доби првата ќерка и денес се среќни родители, иако не се во брак.