Ана Курникова е повторно бремена – го очекуваат третото дете со Енрике Иглесијас (фото)
- Детали
- среда, 29 јануари 2020
Иако досега кружеа само гласини, без никакви докази, папарацо фотките ја потврдија бременоста на Ана Курникова.
Ана Курникова и Енрике Иглесијас се родители на две близначиња – момче и девојче, а наскоро очекуваат уште еден член во семејството.
Во магазинот HELLO! беа објавени ексклузивни фотки од парот на брод во Мајами, а на нив јасно може да се забележи дека Ана е бремена.
Според изгледот на трудничкото стомаче, таа е во последните месеци од бременоста, но за Ана и Енрике не е воопшто чудно што дури сега се дознава оваа вест. Тие најчесто ја чуваат приватноста за себе.
Ана и Енрике станаа родители на близнаците Николас и Луси во декември 2017-та година.
М. М.| Црнобело