Енрике Иглесијас и Ана Курникова ги објавија првите фотки со близначињата
- Детали
- среда, 17 јануари 2018
Кон крајот на 2017-та, од извори дознавме дека Ана Курникова и Енрике Иглесијас станале родители на момче и девојче.
Според TMZ, имињата на близначињата се Николас и Луси, но за ова сѐ уште нема официјална потврда од родителите.
Сепак, во вторникот, парот одлучи да ни ги покаже дечињата и двајцата се сликале со по едно од близнаците.
Фотките ги објавија на Инстаграм, а и двајцата во описот напишаа „Моето сонце“, без да нагласат имиња.
Енрике и Ана се во врска 16 години и отсекогаш се таинствени кога станува збор за приватниот живот, па за нејзината бременост воопшто и не дознавме пред да се породи.
Со оглед на тоа, вистинско чудо e што излегоа од „мистериозната зона“ и ги покажаа дечињата заради кои секако се пресреќни.
М. М. | Црнобело